БИТОЛА: ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА „13-ти ЈУЛИ“ ЌЕ ДОБИЈАТ АСФАЛТЕН ПРИСТАП ДО ДОМОВИТЕ

БИТОЛА: ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦА „13-ти ЈУЛИ“ ЌЕ ДОБИЈАТ АСФАЛТЕН ПРИСТАП ДО ДОМОВИТЕ

По поставувањето на мешовитата канализација од страна на КЈП „Нискоградба“ во вредност од 813.828 денари, Општина Битола продолжува со санација и подготовки за асфалтирање и поставување на тротоари на ул. „13 Јули“. Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска во присуство на голем број локални жители, истакна дека конечно граѓаните од овој дел ќе добијат асфалт.

„Деновиве продолжуваме со уредување на коловозот, тротоарско решение и дел од паркингот околу овие згради. Висината на сумата на сегашните инфраструктурни зафати е над 4,7 милиони денари, што значи дека вкупно, со претходно вложеното во канализацијата ќе биде над 5,5 милиони денари. Сакам да нагласам дека овој потег е една заостаната состојба од минатото на нерешена инфраструктура и покрај тоа што биле платени комуналии и воедно била должна општината да го среди овој простор. За жал, во градот имаме низа вакви ситуации, но како сегашна локална самоуправа покажуваме одговорност во решавање на сите овие проблеми“, рече Петровска.

Следна фаза на реализација во оваа улица ќе биде поставување на улично осветлување, како и осветлување на паркинг просторот околу зградите.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …