Крушево: Паралелно со бројот на туристи, расте и уплатата на туристичката такса

Крушево: Паралелно со бројот на туристи, расте и уплатата на туристичката такса

Уплатата на туристичката такса во 2018 година, се зголемила за 39 отсто во споредба со 2017 година. Иако наплатата на овие средства се’ уште не е на потребното ниво, сепак ова се показатели дека се зголемува свесноста за уплаќање на оваа давачка.

„Ја зголемивме уплатата на туристичката такса и тоа покажува дека бројот на туристи и ноќевања се зголемува, исто како и свесноста за уплаќање на таксата. На ова поле ни престои уште многу работа, ги повикувам сите издавачи на соби, вили и хотели целосно да ја плаќаат таксата, затоа што преку изградба на патишта, подобра промоција, хигиена и слично тие пари се враќаат кон угостителскиот сектор“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Заедно со покачувањето на уплатата на туристичката такса, расте и бројот на туристи чиј број во првите 6 месеци е за 17 отсто поголем во споредба со истиот период лани.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …