Крушевска „Комуна“ во помош на жителите од населените места погодени со невремето

Крушевска „Комуна“ во помош на жителите од населените места погодени со невремето

Вчера и денеска, вработените во ЈП „Комуна“ Крушево работат на расчистување на улици и канали и асистира во тампонирање на банкини, после големото невреме кое најмногу ги погоди населените места Саждево и Борино.

Во овие населени места обилниот дожд и невремето ги поплавија улиците, кои комуналците ги чистат од надојдените наноси на земја и вода.

Од Општина Крушево и ЈП „Комуна“ велат дека редовно ги чистат каналите, но завчерашното невреме беше од несекојдневни размери и предизвика голема штета во крушевскиот регион, особено во селата Саждево и Борино.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …