Куче го прекина временскиот извештај на руска телевизија, одземајќи го микрофонот од репортерката

Извештај за временската состојба во Русија се претвори во вирално видео кое кружи низ социјалните мрежи, откако златен ретривер избра несоодветен момент за играње и го „украде“ микрофонот од репортерката.

Временскиот извештај од московските улици, каде се наоѓаше репортерката Надежда Серјожкина, се емитуваше во живо на телевизија. Додека таа ги презентираше информациите за пристигнувањето на пролетта во земјата, кучето скокна, го грабна нејзиниот микрофон и побегна, по што Серјожкина почна да трча по него.

„Здраво Елина. Пролетта пристигна во Москва. Температурата ќе биде 8 Целзиусови степени и 9 Целзиусови степени во градот…“ беа зборовите што успеа да ги каже Серјожкина пред микрофонот да ѝ биде одземен од домашниот миленик.

Интересен за гледачите беше и воздржаниот, но збунет лик на презентерката во студиото, чија реакција придонесе видеото да стане вирално.

Смешното видео прво беше објавено на Твитер од страна на новинарот Али Озкок, а потоа и на официјалниот Јутјуб канал на телевизијата.

Временскиот извештај на крај беше завршен со микрофонот во рацете на репортерката, но и со „гостување“ на златниот ретривер во кадарот.

Сережкина ги извести гледачите дека „се очекува април да биде помалку каприциозен од март“ и ги увери дека никој не бил повреден при случката, но дека останале траги од каснување на микрофонот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …