Кузеска: ДПМНЕ се распаѓа, внатрешниот раскол Мицкоски да не го товари на СДСМ

Кузеска: ДПМНЕ се распаѓа, внатрешниот раскол Мицкоски да не го товари на СДСМ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

ДПМНЕ се распаѓа.

Очигледно големи се внатрепартиските проблеми во белата палата и анти ЕУ кампусот.

Јавноста е сведок дека повторно внатрешниот раздор, кавги и поделби во ДПМНЕ кои кулминираат овие денови Мицкоски се обидува да ги натовари на СДСМ.

Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски.

Граѓаните тоа многу добро го знаат.

Очајниот Мицкоски воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите.

Впрочем јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за диловите со Груевски.

Дали со тоа ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија?

Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.

СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник.

Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …