Лични карти ќе може да се подигнат и в сабота и недела, на денот на изборите

Лични карти ќе може да се подигнат и в сабота и недела, на денот на изборите

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат в недела, 17 октомври, Министерството за внатрешни работи (МВР) извести Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16 октомври, сабота ќе работат на прием на барања и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ в сабота ќе работи на прием на барања и на издавање лични карти во редовното работно време, од 8 до 16 часот.

В недела, пак, на денот на изборите сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните, со работно време од 7 до 19 часот. Во истото време ќе работат и дисперзираните пунктови во Скопје: Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …