Лидерите на Република Српска на црната листа на САД

Лидерите на Република Српска на црната листа на САД

Соединетите држави на листата на санкционирани лица ги додадоа членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Ненад Стевандиќ, претседателот на Народното собрание на Република Српска и Радован Вишковиќ, премиерот на Република Српска.

На списокот е додаден и Милош Букејловиќ, министер за правда на Република Српска.

„Овие лидери се директно одговорни за поттикнување на усвојување на закон во Народното собрание на Република Српска со кој одлуките на Уставниот суд на БиХ се прогласуваат за неприменливи во Република Српска, со што се попречува и загрозува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор. “, соопшти американското Министерство за финансии.

Заменик-секретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии, Брајан Е. Нелсон, рече:

„Овој вид на акција ја загрозува стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и тешко стекнатиот мир поддржан со Дејтонскиот мировен договор. Ова однесување претставува дополнителна закана за идниот пат на оваа земја и нејзината успешна интеграција во евротоaтлантските институции. Ќе продолжиме да ги поддржуваме граѓаните на Босна и Херцеговина и нивните напори за зачувување на владеењето на правото и одржување на мирот и просперитетот“.

Претходно, на листата на санкционирани лица беше ставен и Милорад Додик, претседателот на Република Српска, кој е и предлагач на Законот за неприменливост на одлуките на Уставниот суд на БиХ и главен предлагач на неговото донесување.

САД воведоа нови санкции против Додик на 5 јануари 2022 година. Претходно, Соединетите Држави воведоа санкции против Додик на 17 јули 2017 година поради попречување на Дејтонскиот мировен договор.

Денешното соопштение за санкции е продолжение на претходно воведените санкции и забраната за издавање визи за влез во САД со цел да се поттикне одговорноста на лицата кои ги поткопуваат демократските процеси или институции.

„Овие акции се дел од пошироките напори што Владата на САД ги вложува во промовирање на мирот, стабилноста и функционалната демократска влада во регионот на Западен Балкан“, соопшти американското Министерство за финансии.
Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Плажа

Грција со дронови во борба против пренатрупаните плажи

Целта на апликацијата и патролите со беспилотни летала е да се запре нелегалното поставување чадори …