Литванија и Латвија ги намалуваат дипломатските активности со Русија

Литванија соопшти дека го протерала рускиот амбасадор и го отповикува својот врвен дипломат во Москва како одговор на извештаите дека руските сили убиле десетици цивили во украинскиот град Буча.

„Литванија е во целосна солидарност со Украина и со украинскиот народ, кои се жртви на невидена агресија на Русија. Затоа го намалуваме нивото на руското дипломатско претставување. За жал, она што светот го виде во Буча може да биде само почеток. Ќе можеме да откриеме уште повеќе докази за сурови воени злосторства во други градови по нивното ослободување. Воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени од руските вооружени сили во Украина нема да бидат заборавени“, рече литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Фотографиите на кои се прикажани телата на некои од загинатите цивили во Буча, кои се со врзани раце, шокираа многумина и поттикнаа повици за засилени санкции против Русија и кривично гонење на сторителите.

По Литванија нејзиниот балтички сосед Латвија рече дека ги „намалува дипломатските односи со Руската Федерација“ во врска со руската неиспровоцирана инвазија на Украина.

„Деталите за потегот ќе бидат објавени кога ќе завршат внатрешните процедури“, изјави министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.

Кремљ негираше дека руските трупи кои ја окупираа областа пред да се повлечат кон крајот на минатата недела се одговорни за убиствата.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …