Љупчо Палевски – Палчо спроведен во Кривичниот суд

Љупчо Палевски – Палчо спроведен во Кривичниот суд

На прашањето на новинарите „дали ги извршил убиствата, тој кратко одговори „не“. Рече и дека нема да се брани со молчење, а на прашањето дали има докази дека не е сторител на убиствата, Палевски се насмеа

Љупчо Палевски-Палчо, кој на 15 мај годинава беше екстрадиран од Турција во Македонија, по 6 дена поминати во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, денеска со силно полициско обезбедување беше спроведен во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка.

Тој треба да даде свој исказ, како првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

На прашањето на новинарите „дали ги извршил убиствата, тој кратко одговори „не“. Рече и дека нема да се брани со молчење, а на прашањето дали има докази дека не е сторител на убиствата, тој се насмеа.

Љупчо Палевски – Палчо спроведен во Кривичниот суд

Палевски 5,5 месеци беше во затвор во Турција, а во Македонија беше донесен со комерцијален лет на Туркиш Ерлјанс минатата среда, директно во истражниот затвор, каде што е сместен сам во ќелија, под посебни безбедносни протоколи.

За двојното убиство, во истражниот затвор во Шутка се и Влатко Кешишов, Велибор Маневски и Боре Видевски кои се осомничени за грабнување според член 141 од Кривичниот законик, и за две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие). Тројцата, заедно со Љупчо Палевски, се дел од политичката партија Десна.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се сомничи дека им помогнал при извршување на кривичното дело – грабнување на малолетно лице. Тој сега е во домашен притвор, откако Врховниот суд ја уважи неговата жалба. Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ децидно тврди дека тој нема никаква поврзаност со грабнувањето и убиството на неговата ќерка и дека воопшто не ги познава осомничените.

На Стефан Димковски, пријателот кој го превезуваше Палевски низ Бугарија до Турција, во март годинава му беше укинат притворот и за него се изречени мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола.

Истрагата за четворицата осомничени е во завршна фаза.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …