Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

Во образложението за екстрадиција, навел Лога, ќе пишувало дека казната Груевски ќе ја одлежува во хашките ќелии кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил азил со образложение дека Северна Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици.

Кренар Лога, министер за правда, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Во гостувањето тој кажал дека писмото е поврзано и со девет други случаи.

Во образложението за екстрадиција, навел Лога, ќе пишувало дека казната Груевски ќе ја одлежува во хашките ќелии кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил азил со образложение дека Северна Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици.

„Груевизмот нема да избега од Северна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за 9 други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница“, рекол тој во емисијата.

Во писмото, Лога дал сугестија да се напише дека Северна Македонија ги исполнува условите во затвор за осуденик како Груевски.

„Истиот тој Груевски градел ќелии во притвор и во затвори, таканаречени „хашки ќелии“, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија“, рече министерот Лога.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …