Локвенец: Тутунарите ги добија ветените субвенции

Локвенец: Тутунарите ги добија ветените субвенции

Интегрален текст од пресот на Хари Локвенец, пратеник на СДСМ во Собранието на РМ:

Владата предводена од СДСМ спроведува уште една клучна мерка од програмата.

Започната е исплатата на зголемените субвенции за килограм предаден тутун.

Овие денови 20.880 тутунари по основ на субвенции добиваат вкупно околу 22 милиони евра. Од тие пари, најголем дел, односно околу 13 милиони евра се влеваат во Општина Прилеп, како најтутунарски регион во државата.

Новиот систем на субвенции обезбедува субвенции од 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета односно четврта класа килограм предаден тутун.

Тоа значи зголемени и навремени субвенции за нашите сограѓани, тутунопроизводители од Прилеп. За прв пат субвенциите се исплаќаат во вистински момент, тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да инвестираат во новата реколта.

Преку оваа мерка, ја докажуваме нашата грижа кон земјоделците односно кон тутунарите. Докажуваме дека Владата предводена од СДСМ го вреднува трудот на земјоделецот, ја цени маката на тутунарот.

Како владејачка партија остануваме посветени на развој на земјоделството и обезбедување на квалитетни услови за работа на тутунопроизводителите и земјоделците.

СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, развој на земјоделството и повеќе пари кај граѓаните. Зборот е збор!

 

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …