Македонија добива побрз пристап до лекот за третман на ковид-19, „Ремдесивир“

Македонија добива побрз пристап до лекот за третман на ковид-19, „Ремдесивир“

Преку Европската Унија нашата земја добива брз пристап до лекот за третман на ковид-19 „Ремдесивир“, информира Владата. Европската комисија потпиша договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“ со можност за дополнително зголемување на количините.

„Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од ЕУ, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово“, информираат оттаму.

Ова е лек за лекување пациенти со ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш. Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на ЕК од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

Употребата на лекот „Ремдесивир“ е ограничена. Тој се дава венски со инфузија и се дава исклучиво во болнички услови. Пред да се одлучи да се даде лекот на одреден пациент, но и по давањето, доктор внимателно треба да ги следи црниот дроб и бубрезите. Тоа е антивирална терапија која делува директно на делбата на вирусот, за разлика од другите лекови како антибиотиците или дексаметазонот, кои не дејствуваат директно на вирусот.

„Тhe New England journal of medicine“, медицинското списание кое објавува најнови медицински истражувања, пред неколку дена објави извештај за ефикасноста на лекот. Имено, во последното истражување во кое учествувале 1.062 пациенти, 541 пациент биле лекувани со лекот „ремдесивир“. Тие имале просечно време на опоравување од 9 до 10 дена.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …