Македонија се приклучува на кампањата на ЕФСА за подигнување на свест на јавноста за Африканската чума кај свињите

Македонија се приклучува на кампањата на ЕФСА за подигнување на свест на јавноста за Африканската чума кај свињите

Со појавата на Африканската чума кај свињите на територијата на европскиот континент, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија започна со донесување и спроведување голем број превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на Африканска чума кај дивите свињи, изготвување апликација за пријавување на угинати диви свињи.

Првиот случај на Африканска чума кај свињите во Северна Македонија беше потврден на 06.01.2022 година, а првото Решение беше издадено на 07.01.2022 година. Потоа, во текот на 2022 година во Северна Македонија беа потврдени вкупно 45 жаришта и тоа најголем дел во источниот и североисточниот дел од државата. Во рамки на мерките за контрола и искоренување на оваа болест во државата, Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе низа мерки кои беа спроведени од страна на официјалните ветеринари и тоа:

  • Целосно уништување на свињите на вкупно 345 фарми во радиус од 3 км од појавеното жариште,
  • Вкупно 73 смртни случаи кај свињите како последица од АЧС,
  • Извршена е депопулација на вкупно 499 фарми во радиус од 3км и 10 км од потврденото жариште,
  • Убиени и нештетно отстранети и заклани е вкупно 4.891 свиња во радиус од 3км и 10 км од потврденото жариште,
  • Убиени и нештетно се отстранети се вкупно 3.450 свињи во радиус од 3 км од појавеното жариште.

изјави Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дополнително, согласно официјалните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, Бабовски потврдува дека во 2023 година, на територијата на Северна Македонија нема појава на жариште на Африканската чума кај домашните свињи. Последниот позитивен случај на АЧС кај дивата популација беше потврден на 03 мај 2023 година, со што вкупниот број на позитивни случаи кај дивата популација свињи во 2023 година изнесува 62. Земајќи ја во предвид актуелната епизотиолошка состојба со Африканската чума кај свињите на територијата на Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство ги укина сите мерки поврзани со АЧС на 27 април 2023 година.

Од аспект на подигнување на свеста на јавноста, во изминатите години Агенцијата за храна и ветеринарство реализираше голем број едукации на фармерите, ловните друштва, подготвени и испечатени се прирачници за болеста наменети за официјалните ветеринари, ветеринарните друштва и комерцијалните одгледувачи на свињи, кои ја интензивираа соработката и со помалите производители и одгледувачи на свињи. Извршена е и категоризација на свињарските фарми во однос на степенот на ризик и имплементираноста на биосигурносните мерки на фармите и идентификација на свињите.

Интензивирана е и соработката со Ветеринарната комора на Северна Македонија и Ловечката федерација, со невладиниот сектор, националните паркови и другите релевантни државни органи, во насока на размена на податоци и информации. Организирани се обуки и за царинските службеници кои вршат контрола на личниот багаж на патниците кои влегуваат и транзитираат низ нашата земја со цел спречување на внесување на месо и производи од месо преку кои може да се пренесе вирусот на Африканската чума кај свињите, а беа засилени и контролите при увоз на оваа категорија производи. На сила е забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуството на оваа болест.

Агенцијата за храна и ветеринарство има изработено и План за итни мерки и оперативен прирачник за справување со Африканска чума кај свињите, воведени се засилени мерки и контрола и на добиточните пазари во земјава. Од страна на официјалните ветеринари се вршат засилени контроли на движењето на свињите и спроведувањето на клиничките прегледи на одгледувалиштата со цел рана детекција на болеста.

Земајќи во предвид дека Африканската чума кај свињите претставува глобална закана за секторот свињарство, но и за економијата на национално и регионално ниво, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) во последните 4 години обезбедува интензивна поддршка за подигнување на свеста на јавноста за оваа болест на земјите во кои се потврдени жаришта на Африканската чума кај свињите, но и на земјите кои се сметаат дека се под висок ризик за појава на оваа болест.

Во текот на последната декада, Африканската чума кај свињите имаше драматично влијание врз европскиот сектор за свињарство и продолжува да ги нарушува локалните и регионалните економии. Додека најновите бројки покажуваат охрабрувачки знаци дека напорите за запирање на ширењето на овој вирус може стапат на сила, сликата низ Европа во никој случај не е универзално позитивна и ние мора да останеме внимателни. Фармерите, ловците и ветеринарите имаат особено важна улога во пријавување на сомнителните случаи“, изјави Бернард Урл, извршен директор на ЕФСА.

Во 2023 година оваа кампања се спроведува во 18 држави на европскиот континент, а главен носител на активноста во Северна Македонија е Агенцијата за храна и ветеринарство.

Целна група на #StopASF кампањата се комерцијалните и индивидуалните фармери, докторите по ветеринарна медицина и ловците и истата се спроведува под мотото „откриј, спречи, пријави“ случаи на АЧС кај домашните и дивите свињи.

Согласно податоците со кои располага Европската агенција за безбедност на храна, во 2022 година, бројот на случаи на АЧС кај популацијата на домашни и диви свињи значително е намалена во Романија, Полска и Бугарија, во споредба со претходната година

Дознајте, вклучете се, споделете

Посетете ја веб страната на ЕФСА за повеќе информации, инфографици, објави на социјалните медиуми и други материјали.

Како агенција на ЕУ, ЕФСА подлежи на Регулативата (ЕУ) 2018/1725, која има еднаква правна вредност како Општата регулатива за заштита на податооците (ЕУ) 2016/679 (ГДПР) која се применува во земјите членки на ЕУ и која е усогласена со правилата и принципите на ГДПР (GDPR) за заштита на личните податоци.

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …