Од македонската пингпонгарска федерација информираат дека српски професионалец станува селектор на нашата репрезентација, кој заедно со новите тренери ќе ги подобрува настапите на играчите
Со одлука на УО, а на предлог на Стручна комисија, за втор селектор на репрезентацијата се назначува Милош Миленковиќ од Србија кој бил тренер на српската репрезентација, а моментално настапува како играч во српската Супер лига. Заедно со првиот селектор Сашко Богатинов Миленковиќ ќе работат на ефикасни подготовки и подобри претставувања на репрезентативците на меѓународните натпревари и првенства.
Истовремено, се засилува и тимот на тренери.
Досега со репрезентативците и потенцијалните наши претставници на меѓународните натпреварувања работеа Зоран Јованоски и Димитрије Жогоски. Со цел зголемување на капацитет покрај Јованоски и Жогоски, со младите пингпонгари ќе работат Амелија Николов, Мартин Стаменковски, Ѓоко Јочкоски и Филип Младеноски.