Европскиот олимписки младински фестивал ќе се одржи во Скопје, Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски млади спортисти

Европскиот олимписки младински фестивал ќе се одржи во Скопје, Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски млади спортисти

„Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети“, вели Даниел Димевски, претседател на МОК

Претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски и генералниот секретар, Сашо Поповски заедно со претседателот на ЕОК (Европски олимписки комитет), Спирос Капралос вчера во Марибор, Словенија потпишаа меморандумот за организација на Европскиот олимписки младински фестивал во Скопје во 2025 година. Договорот содржи делови кои се однесуваат на основните принци на организација на игрите, сместување, подготовка на различни функционални области, спортска инфраструктура, утврдување на листа на спортови на игрите, церемонии, финансии, маркетинг. Игрите ќе се одржат во периодот од 20 до 26 јули 2025 година.

Димевски изјави дека МОК е подготвен за комплетна реализација на настанот.

„Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на најдобрите млади европски спортисти благодарение на довербата на Европските олимписки комитети. Од организациски аспект претстои многу работа, но имајќи предвид дека зад нас ги имаме Европските олимписки комитети, но и Владата и градоначалникот на град Скопје кои со големо задоволство ја примија оваа прекрасна вест, можеме само кажете дека сме подготвени да реализираме неверојатни игри во Скопје 2025“, истакна Димевски.

Годинешното издание на Европскиот олимписки младински фестивал се одржуваше во
Марибор каде присуствува повеќе од 2.400 спортисти и околу 1.000 официјални претставници, во 11 спортски дисциплини. Првото издание на фестивалот се одржало во Брисел во 1991 година каде што младинци на возраст од 14 до 18 години се натпреварувале на интернационалниот настан. Северна Македонија ќе биде една од 25 европски земји кои биле домаќини на зимски и летни игри и е шестнаесеттата по ред во која ќе се одржи летното издание.

Прочитајте повеќе

Синедејс Загревање – Европското патувачко кино под отворено небо оваа година гостува во Крушево

Синедејс Загревање – Европското патувачко кино под отворено небо оваа година гостува во Крушево

Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за Синедејс, оваа година гостува во Крушево …