СДСМ

(Фото) СДСМ: Зад концесиите за Иловица стои ДПМНЕ, тоа е потврдено и со официјални документи

Соопштение за јавност на СДСМ, реакција на изјавата на Марија Митева од ДПМНЕ

Зад концесиите за рудникот Иловица, стои ДПМНЕ и тоа му е јасно секому и истото е поткрепено и со документи.

Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски, Љупчо, Димовски, но и сегашниот потпретседател на ДПМНЕ Владо Мисајловски се само дел од некогашните функционери кои дале согласност за рудникот во Иловица.

Во прилог се и документи што тоа го докажуваат.

За разлика од нив Владата предводена од СДСМ уште од старт на мандатот презема чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и затоа рудниците не се отворени до ден денеска.

Во јуни 2019 Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на Договорот за концесија, а во декември истата година, истата Влада на СДСМ носи Одлука за едностран раскин на Договорот за концесија.

Само поради посветеноста на СДСМ, денеска се уште нема отворено рудници во Струмичко поле.

Тоа е вистината за концесиите, дозволите и одлуките за рудникот за бакар и злато во Иловица.

За разлика од ДПМНЕ кои ја втурнаа држават во судски лавиринти, СДСМ ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …