уникатни рамки за очила од кафе

Македонски иноватори ќе изработуваат уникатни рамки за очила од кафе со фокус на заштита на животната средина

Кафе! Секојдневна рутина на многумина е денот да го започнат со филџан кафе. Уште од 16-от век во Европа пиењето кафе е ритуал е пренесен на генерации и широко распространет на Балканскиот Полуостров. Денес, кафето не само што е еден од најупотребуваните зборови во светот, туку се рангира и како еден од најпопуларните пијалоци. Вкусот, богатата арома, и силното дејство на кофеинот кој нè расонува и ни ги отвора очите се само некои од причините зошто кафето толку многу им значи на некои луѓе.

Пиењето кафе на Балканскиот Полуостров пружа уште едно загадочно искуство кое ја отвара „пандорината кутија“. Етнлошки евидентиран обичај кој често, предизвикува проблеми и шпекулации. Со векови гатањето во талогот од кафе е ритуал кој сè уште се пактикува кај нас.

„Стисни прст за да вдиш каква ти е судбината“. Многумина го сториле тоа и можеби та го прават дури и во овој момент.

Овој ритуал на толкување на фигурите и лниите во филџанот од талогот од кафето апсолутно не значи дека резултира со вистинки предвидувања. Но, овој обичај е наследвство од генерации нашите претци. Иако денес се доверуваме на блиски пријатели и роднини, порано, тие што можеле да ја предвидат судбината гледајќи го талогот од кафе во филџанот ги нарекувале и вештерки. Кафе се пиело одамна, а сега уште повеќе.

Дома пиеме девет кила кафе 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 просечно македонско семејство употребило речиси 9 килограми кафе за една година, а статистиката за потрошувачката по член од семејство покажува дека 2,4 килограми кафе троши просечен граѓанин. Според веб-страницата Статиста, вкупната потрошувачка на кафе во светот во 2020/2021 година била 166,63 милиони вреќи кафе од по 60 килограми.

Сепак, покрај тоа што за многу од нас кафето претставува неизбежен пијалок, за водоводџиите е ноќна мора. Талогот од кафе може да предизвика одводните цевки да се затнат затоа што тој не е растворлив во вода и може да се залепи на страните на цевките. Затоа, тие препорачуваат дека талогот од кафе најдобро е да се фрли во корпата за отпадоци, како што се прави во кафулињата и во рестораните.

Но, додека пиеме утринско кафе, дали сте се запрашале што можеме да направиме за да ги спречиме негативните последици од талогот врз животната средина додека ја пиеме првата голтка и чекаме кофеинот да проработи?

Што се случува со отпадот од кафе?

Петар Стефаноски и Никола Вучков не „стискаат прст“ во филџан  за да ја предвидат иднината. Тие веќе имаат своја научно базирана визиија и се дел од тимот Coffеe Мates. Базирајќи се на резултатите од нвното истражување тие се обидуваат да го спречат процесот кога талогот од кафе се распаѓа и на депониите ослободува метан и јаглерод диоксид. Тоа се моќни гасови што создаваат ефект на стаклена градина.

Македонски иноватори ќе изработуваат уникатни рамки за очила од кафе со фокус на заштита на животната средина
Фото. Мета.мк

„Метанот има 28 пати поголем потенцијал за затоплување од јаглерод диоксидот, што го прави значаен придонесувач за глобалното затоплување“, вели Петар во интервју за Мета.мк.

Според него и Никола, кога не се рециклира отпадот од кафе, завршува на депониите и зафаќа голем простор, што може да доведе до уништување на животната средина. Од друга страна, рециклирањето на отпадот од кафе може значително да го спречи штетното влијание врз животната средина. Со цел да придонесат за позелена животна околина младите иновативци од Coffеe Мates смислиле уникатно, по мерка, или како би кажале на англсики tailor-made решение.

Рачно изработени рамки за очила кои отвораат поглед кон почиста околина

Петар и Никола не стиснаа прст во филџан. Напротив, тие минатата година учествуваа на програма од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ за млади професионалци од Македонија во Германија. Таму поминаа низа обуки и семинари, а кога се вратија дома имаа задача да направат проект кој ќе може да се имплементираме кај нас.

„Конкретно нам ни дојде идеата со кафе, затоа што дома јас лично користам мока пот, каде што отпадот од кафе постојано ми се собира и размислував како повторно да го употребам тој отпад. Ни дојде идеата заедно со Петар да го реискористиме и да направиме нешто ново. Едната од опциите беше изработка на очила. Имавме и други продукти. Другиот беше хумус, односно фертилизатор за растенија и накит кој може да го произведуваме од отпадот од кафе“, рече Никола.

Според проекциите кои ги изработиле, еквивалентот на нивната преработка на отпадот од кафе би значел 42 тони јаглероден диоксид помалку во околината, а за да се прочисти воздухот од толкаво загадување би била потребна шума голема колку 32 фудбалски игралишта.

Во моментов тие изработуваат бизнис план како да ги пласираат рамките за очила направени од талог од кафе на пазарот, а работат и на креирање формула според која ќе добијат смеса од талогот и други соединенија кои ќе бидат разградливи, но и од која ќе добијат издржливи рамки за разни временски услови и температури.

„Сега сме во фаза на инкубација. Следните 6 месеци имаме цел да ја унапредиме фазата во која што сме. Работиме конкретно на очилата за да го најдеме соодветното соединение, со цел да бидат што поиздржливи и што поубави на изглед“, вели Петар.

Македонски иноватори ќе изработуваат уникатни рамки за очила од кафе со фокус на заштита на животната средина
Фото: Приватна архива на Петар Стефаноски и Никола Вучков

Никола и Петар сè уште ја финализираат идејата за продуктот, кој би имал и соодветно еколошко пакување, но и за ценатa која според нивните предвидувања би била пониска од популарните брендови кои изработуваат рамки за очила. Сепак, она што за нив е важно, покрај креирањето на циркуларна економија и создавање круг на производство без отпад.За тоа им помага и уметникот Игор Јосковски.

„Корисниците ќе можат да си одберат свој личен дизајн кој може да биде адаптиран според нивните потреби“, вели Никола.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …