Македонските власти се консултираат со НАТО сојузниците и ја следат ситуацијата по експлозијата во Полска

Македонските власти се консултираат со НАТО сојузниците и ја следат ситуацијата по експлозијата во Полска

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи се загрижени за експлозијата во Полска, во која загинаа две лица. Тие во објави на Твитер изразија и сочувство до семејствата на жртвите.

„Ова е време да бидеме уште порешителни во нашата основна задача – да ја одржуваме територијата на НАТО безбедна. Работиме заедно со сојузниците за да се соберат сите факти за овој трагичен настан“, напиша премиерот Ковачевски на Твитер доцна синоќа.

Министерот за надворешни работи вели дека се консултираат со другите членки на НАТО и внимателно ја следат ситуацијата во Полска.

„Загрижени сме од неодамнешните ракетни напади кои преминаа на територијата Полска. Целосна поддршка и солидарност со нашиот близок партнер Полска и сочувство до семејствата на жртвите“, напиша министерот Османи на Твитер.

Две лица загинаа во експлозија во Пржеводов, село во источна Полска во близина на границата со Украина.

Руска серија ракетни напади врз Украина

Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека нејзини ракети погодиле полска територија, опишувајќи ги извештаите како намерна провокација.

Полска е членка на западната воена алијанса НАТО, предводена од САД, која е посветена на колективната одбрана, а можноста полската експлозија да е резултат на намерен или случаен руски напад предизвика тревога.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …