Максим Димитриевски: Решението за одземање на ингеренциите е неиздржано и тенденциозно

Максим Димитриевски: Решението за одземање на ингеренциите е неиздржано и тенденциозно

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката ­­­„Ангел Шајче“, од страна на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска. Димитриевски рече дека решението за одземање на ингеренциите е неиздржано, тенденциозно, селективно и пристрасно и од тие причини ја повика министерката Царовска истото да го повлече и на општината да и’ ја врати надлежноста.

„Решението е неиздржано, тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровски избор на директор на Јавна општинска установа детска градинка „Ангел Шајче“. Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска која што има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение, да го повлече и надлежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман.

Оваа го поткрепувам со фактот, дека на трети јануари, ненајавено, од страна на надлежен инспектор од ресорно министертво беше направена посета во Општина Куманово кој што немаше налог за вршење на било какви контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење, доколку не отпочнам постапка, при тоа преудицирајќи се на избор на директор, ова ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово. Исто така, праксата покажува дека во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапка за избор на директор, не се превземени никакви активности. Според тоа, ова решение е тенденциозно и јас согласно законот мора да го почитувам. Но апелирам уште еднаш до министерката да го преиспита, укине и јавно извини на Општина Куманово и на нејзините граѓани, бидејќи оваа е се’ само децентрализација не. Јас како градоначалник сум должен да обезбедам правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци“, истакна градоначалникот Димитриевски.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …