Маричиќ – Саити: Судската власт треба да работи на подобрување на довербата на јавноста

Маричиќ – Саити: Судската власт треба да работи на подобрување на довербата на јавноста

Денеска во Министерството за правда се оствари средба помеѓу министерот Бојан Маричиќ и претседателот на Здружението на судии, д-р Џемаил Саити, кој воедно е и судија во Врховниот суд.

На средбата со претседателот на Здружението на судии, министерот Маричиќ дискутираше за заштитата на судската независност, зголемувањето на одговорноста, ефикасноста и транспарентноста на судиите и судовите.

Маричиќ потенцираше дека довербата на јавноста и угледот на судството може да го подобри најмногу самата судска власт, но дека процесите за поврат на угледот ќе ги иницира Министерството за правда.

Министерот истакна дека очекува од Здружението на судии да биде партнер во спроведувањето на реформите и активно да се вклучи со препораки и стручни совети во процесот на прочистување на правосудството.

На средбата, министерот Маричиќ додаде дека ќе биде поддршка на правосудните органи во процесот на кадровско зајакнување со стручни соработници и создавањето услови за поефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …