Маричиќ

Маричиќ: Пораката е јасна, реална е, остварлива е, до крајот на оваа декада да ги завршиме преговорите и да станеме членка на ЕУ (ВИДЕО)

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ гостуваше во Дневникот на МРТВ1 во рубриката Топ Тема посветувајќи се на актуелните теми и пост фестум од посетата на претседателката на Европската Комисија фон дер Лајен

„Потребно е да ја фатиме оваа шанса затоа што таа прилика ќе им биде понудена и на други држави во регионот но тие нема да ја пропуштат. Посетата треба да ја гледаме во тоа светло и пораката е јасна“

Пораката е јасна, реална е, остварлива е, до крајот на оваа декада да ги завршиме преговорите и да станеме членка на ЕУ.

Вицепремиерот го потенцираше значењето на пораките од посетата кои се јасни дека одиме напред со едно добро темпо во она што го работиме и во реформите и во другите потфати. Се надоврза објаснувајќи дека недостатоците и предизвиците постојат, но тие ќе се решаваат во текот на преговарачкиот процес..

Уставните измени во никој случај не го загрозуваат нашиот идентитет македонски, ниту нашиот јазик туку само треба да ја фатиме оваа шанса затоа што таа прилика ќе им биде понудена и на други држави во регионот но тие нема да ја пропуштат.

Во очекување на извештајот за скрининг процесот Маричиќ истакна дека на извештајот се гледа како на едно реално огледало, една реална претстава што се случува.

„Работиме на тој извештај и ние цела година секако и ЕК со свои извори и со свои анализи.“

„Скринингот покажа дека ние имаме капацитет за спроведување на реформите. Затоа правиме и патокази во три насоки, владеење на правото е една од нив. Нема грешка, нема недостаток, нема слабост која што не можеме да ја исправиме во наредните 4-5 години додека траат ефективно преговорите во поглавјето“

Маричиќ се осврна на уставните измени со прашањето дали навистина вреди само со внесување на неколку заедници во Уставот, во преамбулата вклучувајќи ги и Бугарите да си ја блокираме сопствената држава, потенцирајќи дека е сигурен дека не.

„ И тоа е пораката на претседателката Фон Дер Лајен, тоа е пораката на Владата и ние до последен момент додека трае овој мандат на составот во Парламентот, но и во наредниот состав по изборите ако не успееме сега ќе ја упатуваме оваа порака“.

Во однос на ставот на опозицијата за уставните измени Маричиќ се изјасни дека е сигурен дека ќе преовлада разумот.

„Убеден сум дека уште сега дека дел од пратениците на опозицијата ќе ја сфатат тежината на одговорност што ја носиме сите и ќе ја донесеме оваа одлука заеднички затоа што придобивките ќе бидат за сите нас“

„Секоја прилика ја користиме и јас и сите останати да испратиме порака дека постои начин да го надминеме ова, дека ние сме подготвени навистина да разговараме за сите теми што се важни и за опозицијата“

Вицепремиерот Маричиќ реторички се изјасни дали навистина сакаме самите да се блокираме и останеме во тунелот на неодредено време, да ја смениме категоријата на држави во која се наоѓаме.

Ние повеќе пати сме ги испуштиле тие шанси и секогаш било на наша штета. Така што ако ја испуштиме сега, одлуките ќе се донесат и тие ќе продолжат, а ние ќе останеме паркирани во чекалната повторно, тоа ќе биде на наша штета.

Маричиќ за крај на новинарското прашање дали ќе влеземе во ЕУ, потврдно одговори; Сигурен сум!

Прочитајте повеќе

Цела армија административци ќе се селат од едно во друго министерство во следните пет месеци

Цела армија административци ќе се селат од едно во друго министерство во следните пет месеци

Со четирите нови министерства и реорганизацијата на останатите, допрва треба да се дели просторот, опремата, …