Маричиќ за „Само интервју“

Маричиќ за „Само интервју“: Ни се отвора вратата којашто 17 години беше затворена

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека е жалосно што дозволиле, пред сè под влијание на опозициската коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Левица, прашањето за почеток на преговори со ЕУ биде практично прашање на некаква битка помеѓу нас и Бугарија и практично вербална, но и тензична атмосфера меѓу нас и Бугарија.

-Како да е битката кој да победи, ние како Северна Македонија или Бугарија. Мислам дека за жал се злоупотреби целата оваа ситуација, затоа што точно е дека имаме билатерален спор, бевме доведени во една незгодна ситуација, меѓутоа суштината на овој процес а тоа го кажа и претседателката на Европската комисија која се обрати денес во нашето Собрание, а тоа е дека ни се отвора вратата којашто 17 години беше затворена, кажа Маричиќ во интервјуто.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ објасни дека првиот Протокол, којшто отиде во бугарскиот парламент беше далеку од конечна верзија и тој текст што отиде таму до тој што ќе излезе ќе биде прилично различен затоа што се разговараше и преговараше меѓувреме.

-Тој Протокол е записник од средба којашто сè уште не се случила и треба да се случи овие денови зависно од исходот во нашето Собрание како ќе биде изгласан и во него се практично покриени оние точки 4+1 кои за коишто се зборува долго, истакна Маричиќ, додавајќи дека во тој документ има еден голем дел каде што се презентираат резултатите од работата на оние работни групи што се изработија изминатите 6 месеци.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …