Марш на СДСМ: „Чекориме до правда“, утре од 18 часот од Собранието до Судот

Марш на СДСМ: „Чекориме до правда“, утре од 18 часот од Собранието до Судот

На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на утрешниот марш за правда „Чекориме за правда“.

„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда“, повика Заев.

„Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ“, заклучи Заев.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …