Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп имплементира проекти за подобрување на економскиот статус на ранливите категории на граѓани

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп имплементира проекти за подобрување на економскиот статус на ранливите категории на граѓани

Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Прилеп, Дејан Тошески, денеска оствари работна средба со Харалд Фугер, аташе за труд и социјална политика во Амбасадата на Р. Австрија во нашата земја и претставници од невладината организација ЛАГ Агро –лидер.

На состанокот беше истакнато дека соработката која ја имаат воспоставено Центарот за социјална работа , Амбасадата на Р. Австрија и невладината ЛАГ Агро –лидер ќе продолжи и во иднина, се’ со цел подобрување на правата на граѓаните од областа на социјалната сфера.

Моментално во Центарот за социјална работа кој има меѓуопштинска надлежност за општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп се спроведуваат неколку проекти. Еден од проектите е „Пилотирање на услуги за поддржано вработување на млади“. Со овој проект таргетирани се околу 30 млади кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства и во соработка Центарот за социјална работа и ЛАГ Агро –лидер, извршена им е преквалификација или доквалификација на работните вештини, со намера истите полесно да се вклучат во процесот на работа, да се тргнат  од социјалната сфера и да се вратат во формалната економија за да можат да излезат од сиромаштијата.

Благодарение на овој проект, седум млади лица се вклучени во работен процес и започнаа да заработуваат сопствени парични средства, посочи директорот на Центарот за социјални работи Дејан Тошески.

Центарот за социјални работи во соработка со невладината организација ЛАГ Агро –лидер и амбасадата на Р. Австрија го спроведува и пилот проектот за воспоставување на достава на храна од народната кујна, каде со вклучувањето на  две млади лица се врши достава на оброците до домот на корисниците. До овој  момент, 25 оброци се доставуваат до домот на корисниците, со интенција да бидат доставувани сите 100 оброци.

Како нареден проект кој ќе се планира е заживување на практиканската работа, односно воспоставување мобилни тимови, проект со кој е предвидено да бидат вклучени стручни профили од типот на социјални работници, правници, психолози и педагози, кои преку практична работа ќе помогнат да се доближат услугите и правата до граѓаните кои живеат во руралните средини. Замислата е едни мобилни тимови да ги посетуваат населените места, особено оние најоддалечените, да им укажуваат на жителите на овие места какви се’ права и услуги можат да остварат во надлежниот центар за социјална работа.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …