Меркел

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија да и’ се даде европска перспектива

Шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот.

 

Пред почетокот на денешниот лидерски самит на ЕУ  во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел во германскиот парламент, Бундестагот, даде владина изјава, а на самиот почеток се осврна и на темата проширување на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Taa повторно се изјасни во прилог на давање европска перспектива на Северна Македонија и на Албанија. Германија чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, истакна Меркел, според која приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ. Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, истакна Меркел, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ.

Ние имаме одговорност кон овие држави, рече Меркел: „Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива.”

Во меѓувреме се изградени мостови кон  ЕУ-партнерите , кои сеуште имаат задршки кон ова и инсистираат на  поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри, призна Меркел. Канцеларката вчера на средбата со францускиот претседател во Тулуз сигнализираше поддршка за желбата на  Емануел Макрон  за реформа на процесот на проширување на ЕУ, но континуирано најавува дека работи на убедување на Франција да попушти во поглед на давањето датум за почеток на преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …