Месецов почнува чистењето и затворањето на 77 депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Месецов почнува чистењето и затворањето на 77 депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Завршен е изборот на двете компании што ќе го вршат надзорот и претстојниов месец ќе започне чистењето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во 18-те општини од овој дел на земјава ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински депонии, за што веќе се избрани две компании од Германија и Турција. Тие во наредниот период ќе треба да работат одделно на чистење на отпадот во двата плански региона. Инаку, само рекултивирањето на нестандардните општински депонии ќе чини околу 10 милиони евра.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека општините и јавните комунални претпријатија во иднина ќе имаат јасни ингеренции што да прават со локациите што ќе бидат исчистени од отпадот, за што се потпишани договори со посебни обврски.

Па така, еднаш годишно јавните претпријатија ќе мора да вршат мониторинг на подземните води и визуелна проверка на теренот, да ја одржуваат оградата и каналот за атмосферски води на затворената депонија. Два пати годишно тие ќе бидат должни да вршат сечење на тревата и топографско набљудување во однос на слегнување на телото на депонијата и стабилноста на прекривката. По осмата година од затворањето на депонијата, општините преку јавните претпријатие се должни еднаш годишно да продолжат со мониторингот на подземните води и топографското набљудување на депониите.

„Јавното претпријатие е должно редовно да проверува и да преземе мерки за спречување на настанување на отпад на останатите ѓубриштата кои се рехабилитирани со отстранување на отпадот од истите“, се наведува во одговорот од Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на прашањето како во иднина ќе се спречи натамошно фрлање на отпад на овие локации од несовесните граѓани.

Инаку, затворањето на депониите и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион ќе се одвива во две фази. Во Источниот регион се регистрирани 12 несоодветни општински депонии и 72 диви ѓубришта, додека во Североисточниот регион има шест нестандардни општински депонии за чистење и 32 диви ѓубришта.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …