Ставена во функција модуларната болница во Охрид, бројот на новозаразени со ковид-19 вртоглаво расте

Ставена во функција модуларната болница во Охрид, бројот на новозаразени со ковид-19 вртоглаво расте

Започна со работа модуларната болница во Охрид, здравствена установа која е целосно опремена и има капацитет од 40 легла. Сега тука е преселено инфективното одделение, со дежурен интернист и инфектолог, додека во одделението за геријатрија ќе бидат сместени сомнителните случаи на ковид-19, а одделот за неврологија ќе се врати на редовната работа.

„Во модуларната болница ќе има дежурен интернист и инфектолог, а уште еден интернист ќе има на интерно одделение. Покрај ова, доделени ни се уште осум контејнери, што ќе значи зголемување на капацитетот на модуларната болница за околу 12-13 легла“, изјави директорот на охридската болница, Горан Балески.

Во текот на месец февруари во Охрид се регистрирани 434 нови позитивни случаи на ковид-19. Споредено со јануари, бројката е повисока. Исто така, минатиот месец се зголеми и бројот на хоспитализирани лица со ковид-19, а Охрид беше, и сé уште е меѓу градовите посочени како жаришта на британскиот мутиран сој на вирусот.

Во февруари се евидентирани 351 оздравено лице, што е помалку во однос на претходниот месец, а намалување има и во бројот на починати лица, при што се регистрирани 17 пациенти.

Според последните податоци, во охридската Општа болница се хоспитализирани 56 пациенти, од кои речиси 70 отсто се на кислородна поддршка, а има и потешки случаи.

Моментално во Охрид има 438 активни случаи на корона вирус. Од почетокот на пандемијата евидентирани се 3.280 заразени, оздравени се 2.707 лица, а битката со вирусот ја загубија 135 пациенти.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …