Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Централна Грција, потресот почувствуван и кај нас

Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Централна Грција, потресот почувствуван и кај нас

Европскиот медитерански сеизмолошки центар регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени кој ја погоди Централна Грција. Епицентарот бил северозападно од Лариса, 24 километри од градот, на длабочина од 20 километри.

Според првичните информации на Институтот за геодинамика од Атина, силината на земјотресот била 5,9 степени.

Грчките медиуми засега не јавуваат за жртви или причинета материјална штета. Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, но и во другите балкански држави.

Според Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, биле регистрирани серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат 260 километри јужно од Скопје во Грција. На повисоките катови, тој бил почувствуван со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

По првичниот силен удар, биле забележани и неколку афтершокови, а најсилниот бил 4,6 според Рихтер.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …