Мета факт: Наместо подобри услови и аквариум, скопската Зоолошка доби салмонела и смени на директори

Мета факт: Наместо подобри услови и аквариум, скопската Зоолошка доби салмонела и смени на директори

И покрај ветувањата, скопската Зоолошка градина засега нема добиено нов аквариум, а воедно и го изгуби кандидатскиот статус за членство во ЕАЗА

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во својата програма а во однос на работата на Зоолошката градина, вети дека „нехуманите живеалишта ќе заминат во историјата“, но и дека ќе воведе нови содржини, како што е изградбата на аквариум.

Мета факт: Наместо подобри услови и аквариум, скопската Зоолошка доби салмонела и смени на директориСепак, и покрај ветувањата, скопската Зоолошка градина засега нема добиено нов аквариум, а воедно и го изгуби кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Поради низа неспроведени проекти, но и често менување на директори, земјава беше тргната од мапата на членки и кандидати за членки.

Во програмата на Арсовска, кога се кандидираше за градоначалник на Скопје пишуваше:

„СКОПЈЕ ЗОО – НОВ АКВАРИУМ
Градот Скопје во следниот период ќе работи на изградба, модернизација и подобрување на условите за престој на животните во ЗОО Скопје.
Нехуманите живеалишта заминуваат во историјата, а ќе ги искористиме и просторите за воведување нови содржини – како аквариум, едукативни катчиња, како и програма за имплементирање посети за деца со попречености. Поттикнување на волонтерската работа во ЗОО Скопје, викенд настани, ТВ емисии и видеа на социјалните мрежи само ќе ја дополнат улогата како општествено одговорно јавно претпријатие“.

Мета.мк викендов ја посети скопската Зоолошка градина и можевме да се увериме дека нов аквариум не е изграден, а вработените што ги затекнавме во близина ни изјавија дека засега нема најава за такво нешто.

Во меѓувреме, се случија и низа други настани. Изби скандалот што го објави „Мета“, дека во дворот на Зоолошката градина се колат десетици коњи, добиени од Агенцијата за управување со одземен имот, и им се даваат како храна за животните. По ова, разрешен беше тогашниот директор Кристијан Стаменов и поставен нов – Драган Илиевски. Дека неговото поставување е незаконско се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи, според антикорупционерите, Арсовска именувала лице кое не било вработено во оваа јавна установа што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура, кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци. Потоа, за само една година, на ова место беше поставен нов, трет директор, овојпат од редот на вработените.

Набрзо потоа, стигна и веста дека земјава го загубила кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА). Како што веќе беше објавено, причините за губање кандидатски статус било прекин на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, двегодишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Во наредните 8 години Зоолошката нема право да аплицира за биде кандидат за членка, што значи дека нема да може да соработува со ниедна европска зоолошка, ниту пак со кандидати за членови на ЕАЗА. Нема да може да добива животни како што тоа беше случај во изминативе години. Мета.мк се обрати до ЕАЗА, но не добивме одговор. Сепак, потврда за губењето на членството е и фактот што земјава е тргната од мапата на земји-членки и на земји со кандидатски статус за ЕАЗА.

Мета факт: Наместо подобри услови и аквариум, скопската Зоолошка доби салмонела и смени на директори
Принтскрин, eaza.net

Неодамна, жирафата Каспер, долгогодишен омилен жител на ЗОО Скопје, угина од инфекција „салмонела“. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина, констатирано е дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.

Поради сето ова погоренаведено, оценуваме дека ветувањата на Арсовска во однос на скопската Зоолошка градина, не се остварени. 

Прочитајте повеќе

Есенската кошница заврши - се чекаат новогодишните мерки

Есенската кошница заврши – се чекаат новогодишните мерки

Повеќе од 70 основни прехранбени производи од денеска, први ноември, ќе добијат нови цени откако …