Метју Лосон од јули ќе биде нов британски амбасадор во земјава

Метју Лосон од јули ќе биде нов британски амбасадор во земјава

Британската влада денеска соопшти дека Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Северна Македонија. Тој ќе стапи на должност во јули годинава на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, на која ѝ истекува на мандатот.

Лосон доаѓа во Скопје откако претходно ја вршел функцијата британски амбасадор во Душанбе, Таџикистан. Во неговата професионална биографија се вклучени и должностите заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада.

Актуелната британска амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер напиша дека Метју Лосон има длабоко искуство со работењето во регионот на Западниот Балкан.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на тренинг-центарот во Идризово, најави изградба на уште еден …