Милка Ристова: Повторно свикување седница на распуштеното Собрание

Милка Ристова: Повторно свикување седница на распуштеното Собрание

Нашиот Устав, сеопфатно го уредил прашањето за начинот на престанок на мандатот на актуелниот состав на пратениците на Собранието и моментот на стапување на должност на идните, од народот избрани пратеници.

Притоа, уставотворците имале во предвид дека државата не смее да остане без највисокиот законодавен дом!

Нашата држава веќе 29 години има парламентарна пракса и досега никој не го оспорувал или проблематизирал статусот на пратениците од „стариот” состав од моментот на распуштање на Собранието, за времето на изборниот процес со сите рокови предвидени за таа цел, се’ до верификување на мандатите на новоизбраните пратеници!

Во тој период, на сите пратеници, од сите досегашни состави на Собранието не бил спорен статусот и легално ги остварувале сите права, но по потреба и обврски од тој статус. Многу од сегашните пратеници го „плодоуживале” тоа! Што се случи сега?

Сакам да потсетам дека во членот 66 од Уставот, пропишано е дека СОБРАНИЕТО НА РСМ Е ВО ПОСТОЈАНО ЗАСЕДАНИЕ.

Заседание на Собранието на РСМ е уставна категорија, а седниците и останатите форми од работата на Собранието може и се уредени со закон, дел и со деловник.

До толку сум повеќе разочарана, што читам статуси на поранешни пратеници кои останале во тој статус, со сите привилегии, за време од распуштањето на Собранието, до верификацијата на мандатите на новоизбраните пратеници, а сега тоа право го оспоруваат на актуелните пратеници!

фејсбук статус на Милка Ристова, судија на Врховен суд на РСМ во пензија

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …