Министерката Царовска во самоизолација поради контакт со позитивно лице на ковид-19

Министерката за образование и наука, Мила Царовска е во изолација поради контакт со позитивно лице на корона вирус.

Поради тоа, на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, која што треба да се одржи денеска, ќе учествува претставник од министерството.

Инаку, пред три дена претставници на Сојузот на средношколци остварија средба со премиерот Зоран Заев, на која разговараа за нивните барања поврзани со промена во моделот на државната матура.

По средбата, тие истакнаа дека постои волја за компромис од страна на премиерот.

Матурантите од понеделникот повторно се вратија на настава, откако го прекинаа бојкотот, со цел да им остават простор на пратениците да најдат решение за модифицирање на државната матура.

Тие бараат да полагаат скратена програма на државната матура, со образложение дека немале доволно време да ги подготват испитите. Наместо четири, средношколците бараат да полагаат два испити на матурата, од кои еден задолжителен македонски јазик и еден изборен предмет.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска досега неколку пати посочи дека за измени во матурата ќе може да се разговара идната учебна година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

Проверувачите на факти играат витална улога во заштитата на демократијата и во обезбедувањето пристап на …