СДСМ лого

Oд ВМРО-ДПМНЕ во текот на пандемијата па до денес јавноста виде само лажна загриженост, деструктивност и обиди за поткопување на здравствениот систем

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ нема чувство за државни и национални интереси и секогаш, дури и во пандемија се однесува деструктивно и неодговорно и ги става партиските интереси пред интересите на граѓаните.

Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ јавноста виде само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, обиди за ширење страв и паника кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ширеше невистини дека нема доволно тестови и заштитна опрема за вирусот, кој според нив, некогаш беше смешен, а некогаш опасен.

Додека Мицкоски кршеше мерки, одеше кришум по кафеани и теретани, додека ВМРО-ДПМНЕ организираше јавни собири, здравствените работници деноноќно се бореа против коронавирусот.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижат за здравјето на граѓаните покажаа со кочење на заемот за опремување на болниците, со оцрнување на здравствениот систем, а од друга страна ги поттикнуваа граѓаните да не ги почитуваат мерките.

ВМРО-ДПМНЕ со морбидни перформанси си поигруваа и се потсмеваа со судбините на починатите и заболените.

Грижата за здравјето на граѓаните не се покажува со зборови, туку со дела, а режимот на ВМРО-ДПМНЕ со негрижата и коруптивното 11-годишно владеење предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата.

Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим, компании како пандемијата, Глаксо , АстраЗенека и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло.

Таквиот однос го наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидуваат да го поправат, да ја вратат довербата во македонското здравство.

Но, и покрај глобалните предизвици за набавка на вакцини, вакцините се обезбедени, имунизацијата започнува наскоро, како последен чекор во борбата против коронавирусот, колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, …