Министерот Хасан на средба со Стопанската комора на Истанбул

Министерот Хасан на средба со Стопанската комора на Истанбул

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, чија цел е остварување средби со потенцијални инвеститори и привлекување нови инвестиции. Вчера министерот оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Истанбул, г-дин Шекиб Авдагич.

Стопанската комора на Истанбул беше основана во 1882-ра година, кога Османлиската држава одлучи сите претставници на индустрискиот сектор да се во една институција. Денес, Стопанската комора на Истанбул е една од најголемите стопански комори во светот, со регистрирано членство од 350.000.

На средбата министерот Хасан ги презентираше поволностите кои нашата земја ги нуди за инвестирање, владините мерки и политики кои обезбедуваат поддршка на странските компаниите за реализација на успешен бизнис. Меѓу другото, министерот на првиот човек на Стопанската комора на Истанбул, му упати покана за возвратна посета.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …