Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, д-р Елвин Хасан денеска ќе отпатува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде што ќе присуствува на 22. Евроазиски економски самит. Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања, која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.
На самитот ќе учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците, од 40-тина држави.
Министерот Хасан на самитот ќе има и свое обраќање на тема „Интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО и можностите за инвестирање”, при што ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Република Македонија и очекуваната подобрена економска клима што ќе следи со интегрирањето во НАТО и ЕУ.
За време на престојот во Турција, министерот има планирани средби со бизнис заедницата, меѓу кои и со големи компании кои покажале интерес за инвестирање во Република Македонија.