Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни во „Систина“, да направат тест во ИЈЗ

Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни во „Систина“, да направат тест во ИЈЗ

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во „Аџибадем Систина“, Министерството за здравство вели дека тие се поразлични од тестовите на сите останати институции.

„Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави ‘Аџибадем Систина’, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството,“ информираат од Министерство за здравство.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …