Фондацијата Отворено општество – Македонија донира 100.000 долари за најзагрозените ромски семејства

Фондацијата Отворено општество – Македонија донира 100.000 долари за најзагрозените ромски семејства

Пакети со храна и средства со хигиена со вкупна вредност од 100.000 долари ќе бидат распределени на најзагрозените ромски семејства во земјава, кои се социјално и економски најдиректно засегнати од здравствената криза, соопшти Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), која ја донираше оваа сума.

„Во услови на исклучително неизвесна и ризична состојба во која се наоѓа нашето општество и јавното здравје во моментов, потребата за заштита на најранливите граѓани е огромна. Највисок приоритет на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) е заштитата и подобрувањето на животот на сите, особено на маргинализираните граѓани. Од исклучителна важност во овие моменти е да се обезбеди соодветната поддршка за најранливите групи на граѓани и тоа преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена и дезинфекција, но и преку поддршка во храна во периодот на изолација. За таа цел, ФООМ во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија обезбеди хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена кои се доволни во период од еден месец да служат за потребите на едно семејство со 4 до 6 членови.“, се вели во соопштението.

Со активноста ќе се опфатат околу 10.000 граѓани од ромската заедница,
односно околу 2.000 семејства кои живеат во скопско Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Куманово, Делчево, Виница Пехчево и село Црник.

Дистрибуцијата на хуманитарните пакети ќе започне утре и ќе заврши најдоцна на 10 април.

Црвениот крст на Република Северна Македонија на терен ќе соработува со шест граѓански организации кои се активни и препознаени во ромските заедници: Романо Чачипе, ИРИЗ – Скопје, Сонце – Тетово, Станица П.Е.Т. – Прилеп, НРЦ – Куманово, НВО КХАМ – Делчево, ХОПС – Скопје и Центарот за деца на улица – Шуто Оризари.

Тие ќе помагаат во дистрибуцијата на хуманитарните пакети.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …