Србија по Турција по бројот на починати од вчера претпладне

Србија по Турција по бројот на починати од вчера претпладне

Турција и Романија, најмногубројните земји на Балканот и натаму водат со бројките на заразени и починати од новиот корона вирус и по смртноста, покажуваат податоците што ги објави американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот.

Најголемиот пораст на нови случаи на заразени од вчера по 9 часот наутро до денеска нешто по 9 часот е забележан во Турција, со 2.148 новодијагностицирани, Романија со 215, а на третото место е Србија со 160 нови случаи, па Грција со 101.

По бројот на смртни случаи во погоренаведениот 24-часовен период води Турција со 63, а потоа е Србија, со 12 регистрирани починати.

Другите бројки и порастот од вчера околу 9 часот претпладне до денеска по 9 часот може да ги видите подолу.

Турција
15.679 случаи, а вчера: 13.531 (2.148 нови)
277 смртни случаи, а вчера: 214 (63 нови, додека од вторникот до средата претпладне имаше 46 нови)
333 излекувани, а вчера: 243 излекувани (90 нови)

Романија
2.460 случаи, а вчера 2.245 случаи (215 нови)
92 смртни случаи, а вчера: 82 (10 нови)
252 излекувани, а вчера: 220 излекувани (32 нови)

Србија
1.060, а вчера 900 случаи (160 нови)
28 смртни случаи, а вчера: 16 (12 нови)
излекувани 0

Хрватска
963 случаи, а вчера: 867 (96 нови)
6 смртни случаи (0 нови)
73 излекувани, а вчера: 67 излекувани (6 нови)

Словенија
841 случаи, а вчера: 802 (39 нови)
15 смртни случаи (0 нови)
10 излекувани (0 нови)

БиХ
490 случаи, а вчера: 430 (60 нови)
13 смртни случаи (0 нови)
19 излекувани (2 нови)

Црна Гора
123 случаи, а вчера: 120 (3 нови)
2 смртни случаи (0 нови)
0 излекувани

Косово
125 случаи, а вчера: 112 (13 нови)
1 смртен случај (0 нови)
10 излекувани, а вчера: 6 (4 нови)

Албанија
259 случаи, а вчера: 243 (16 нови)
15 смртни случаи (0 нови)
67 излекувани, а вчера: 52 (15 нови)

Грција
1.415 случаи, а вчера 1.314 (101 нови)
51 смртен случај
52 излекувани (0 нови)

Бугарија
449 случаи, а вчера: 412 (37 нови)
10 смртни случаи, а вчера: 8 (2 нови)
25 излекувани,а вчера: 20 (5 нови)

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …