Младите македонски џудисти во сабота и недела ќе настапат на Балканското првенство во Турција

Младите македонски џудисти во сабота и недела ќе настапат на Балканското првенство во Турција

Македонската кадетска џудо репрезентација денеска пристигна во Кочаели, Турција, каде ќе се одржи Балканското првенство во џудо за кадети и кадетки.

Нашата репрезентација на првенството ќе настапи во следниот состав:

  • – 55 кг. Игнат Петров
  • – 66 кг. Никола Магдески
  • – 40 кг. Теа Настоска
  • – 44 кг. Теона Настоска
  • – 52 кг. Ива Богдановска
  • – 63 кг. Лилјана Недановска

Екипата ја предводат селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов.

Денес ќе биде извршено официјалното мерење по тежински категории за петтемина натпреварувачи кои ќе се борат утре, сабота 10-ти септември, додека Лилјана Недановска ќе настапи во недела, 11-ти септември.

Како што изјавуваат од стручниот штаб, атмосферата кај македонските репрезентативци е на високо ниво и се очекуваат нивни успешни настапи.

Прочитајте повеќе

Лијам Лосон Формула 1

Лијам Лосон ќе вози за тимот на РБ во Формула 1

Лијам е резервен возач на РБ од 2022 година, а дебитираше на Гран При во …