насилство

Притвор и кривична процедура против битолчанец што ја малтретирал поранешната сопруга

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Битола повело постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот ја загрозил сигурноста на неговата поранешна сопруга, непочитувајќи го решението на Основен суд Битола со кое му била изречена забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство и да контактира со оштетената.

На 7 септември, во вечерните часови, додека оштетената се движела со своите малолетни деца, се приближил до неа и ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку одбие повторно да живеат заедно. Потоа ја попречувал да замине од местото каде ја пресретнал, ја турнал и од раката ѝ го оттргнал мобилниот телефон, соопшти битолското обвинителство.

Поради можност осомничениот да избега, како и поради фактот дека и претходно вршел сродни дела на семејно насилство, надлежниот јавниот обвинител од судот побарал притвор за осомничениот, што судот го одобрил. Битолчанецот ќе мине осум дена во притвор.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …