Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

Денешниот ден, 12 Aвгуст, во светот се одбележува како Меѓународен ден на младите. Овој ден беше назначен од Обединетите нации (ОН) за да се прослави придонесот и потенцијалот на младите луѓе ширум светот.

Процесот што доведе до воспоставување на Меѓународниот ден на младите започна во 1991 година со резолуцијата 46/50 на Генералното собрание на ОН, додека првиот ваков ден беше прославен на 12 август 2000 година.

Темата на овогодишното одбележување на Меѓународниот ден на младите на Обединетите нации е „Зелени вештини за млади: кон одржлив свет“.

Според ОН, половина од луѓето на планетата се млади на возраст под 30 години, додека уделот на оваа возрасна категорија во вкупниот број население до крајот на 2030 година се очекува да достигне 50 отсто.

Според глобалните истражувања, 67 отсто од луѓето веруваат во подобра иднина, а младите на возраст од 15 до 17 години се најголеми оптимисти.

Во Северна Македонија, пак, бројот на млади опаѓа. Наодите од анализата „Млади и Попис“ укажуваат дека бројот на млади на возраст од 15 до 29 години во државата значително се намалува, односно населението старее со 6 отсто помалку млади споредено со пописот во 2002 година. Со други зборови – во 2002 година, 24 отсто од населението биле млади, додека во 2021 година младите учествувале со 18 отсто во вкупното население.

По повод Меѓународниот ден на младите, Мета.мк ги пренесува пораките на неколку истакнати и општествено ангажирани млади луѓе во државата. Прочитајте што им порачуваат тие на сите млади.

Пораки за Ден на младите:

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„ДЕНЕС НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ДЕКА СЕКОЈ НАШ ИЗБОР И СЕКОЈА НАША АКЦИЈА НЀ НОСАТ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ИСПОЛНУВАЊЕ НА НАШИОТ ПОЛН ПОТЕНЦИЈАЛ КОЈ ЌЕ ЈА ОБЛИКУВА НАШАТА ИДНИНА. КАКО МЛАДИ ВИЗИОНЕРИ, ТРЕБА ПРОАКТИВНО ДА СЕ СТРЕМИМЕ КОН СТЕКНУВАЊЕ НА НОВИ ЗНАЕЊА, ИНДИВИДУАЛЕН РАСТ, НО И ВЗАЕМНИ СОРАБОТКИ ЗА ДА БИДЕМЕ ПРОМЕНАТА ШТО САКАМЕ ДА ЈА ВИДИМЕ.“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„ЧУВСТВУВАМ ДЕКА МЛАДИТЕ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА ЧИТАЊЕ, УЧЕЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО. ДА БИДАМ ПОДИРЕКТЕН, КОРИСТЕТЕ ГО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ ЗА ДА НАУЧИТЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ. НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ УЧИЛИШТЕТО ДА ВЕ НАУЧИ СÈ. ОБИДЕТЕ СЕ ДА УЧИТЕ ЕДНА НОВА РАБОТА ДНЕВНО, СЕКОЈ ДЕН.“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„МЛАДИ, ВО ОВА ВРЕМЕ НА ПРОМЕНИ, НАШИОТ ГЛАС Е ВАЖЕН И НЕОПХОДЕН ЗА ПОДОБРА ИДНИНА. ПРЕКУ СООДВЕТНА ЕДУКАЦИЈА И КОНТИНУИРАНО ИНВЕСТИРАЊЕ ВО СЕБЕ, НИЕ СЕКАКО ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ СПРЕМНИ ЗА СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НИЗ ЖИВОТОТ. КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ СЕ РЕАЛНОСТ СО КОЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРАВУВАМЕ, И НАШАТА ЕНЕРГИЈА И ИНОВАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ОДРЖЛИВИ РЕШЕНИЈА. ДА НЕ ЗАБОРАВАМЕ ДЕКА НАШИТЕ ОДЛУКИ ДЕНЕСКА ГО ОБЛИКУВААТ, НЕ САМО НАШИОТ ПАТ, ТУКУ И ПАТОТ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ. ЗАТОА, ДА НЕ СЕ СОМНЕВАМЕ ВО НАШАТА СПОСОБНОСТ ДА ВЛИЈАЕМЕ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА.“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„СЕКОГАШ ЌЕ ИМА ЛУЃЕ ОКОЛУ НАС НА КОИШТО ИМ Е ПОТРЕБНА НАШАТА ПОМОШ. ПРВИОТ, А И НАЈВАЖЕН ЧЕКОР Е ДА БИДЕМЕ СВЕСНИ ЗА ИСТОТО. ОД НАС ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ БИДЕМЕ ТАА ЛИЧНОСТ ШТО ЌЕ ОДВОИ МАЛ ДЕЛ ОД СВОЕТО ВРЕМЕ ЗА ДА РАЗУБАВИ НЕЧИЈ ДЕН.“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„ДРАГИ МЛАДИ, ЗАПОМНЕТЕ ДЕКА СЕКОЈА АКЦИЈА ШТО ЈА ПРАВИТЕ ДЕНЕС ИМА МОЌ ДА ГО ТРАНСФОРМИРА НАШЕТО ОПШТЕСТВО И ДА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА  ПОДОБРА ИДНИНА. ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ, ПОДДРЖУВАЈТЕ СЕ ЕДЕН СО ДРУГ И ТАКА ЗАЕДНО ДА ИЗГРАДИМЕ НАЦИЈА СО КОЈА СИТЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ. КАКО ШТО ВЕЛАМ СЕКОГАШ, БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО ГЕНЕРАЦИЈАТА!“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„НИКОГАШ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕКОЈ ДА НАПРАВИ ДА СЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА НЕ СТЕ ДОВОЛНО ВРЕДНИ ЗА НЕШТО ШТО ГО САКАТЕ. БИДЕТЕ СВОИ, СЛЕДЕТЕ ГИ СВОИТЕ СОНИШТА, ПРАВЕТЕ СÉ ОНА ШТО ВЕ ПРАВИ СРЕЌНИ БЕЗ ПРИТОА ДА ГИ ПОВРЕДУВАТЕ ДРУГИТЕ. НО, ПРЕД СÈ, БИДЕТЕ СИГУРНИ ШТО НАВИСТИНА ВЕ ПРАВИ СРЕЌНИ БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ ВО ЖИВОТОТ НАСТАНУВААТ ПРИ БАРАЊЕ НА СРЕЌАТА НА ПОГРЕШНО МЕСТО.“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ИДНИ БОРЦИ ЗА ПРАВАТА НА МЛАДИТЕ ОД ЕДНОРОДИТЕЛСКИ И САМОХРАНИ СЕМЕЈСТВА – ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СТЕ ИСТРАЈНИ И РЕШИТЕЛНИ АКТИВИСТИ ЗА ПРОМЕНА! ДОДЕКА СЕ СПРАВУВАТЕ СО СЕКАКВИ ПРЕДИЗВИЦИ КАКО ЛИЧНИ, ТАКА И ОПШТЕСТВЕНИ, МУ ПОКАЖУВАТЕ НА СВЕТОТ КОЈА Е МОЌТА НА ИЗДРЖЛИВОСТА И ЗАСТАПУВАЊЕТО. ВАШИОТ ГЛАС, КАКО МЛАДИ, Е ВАЖЕН, ВАШИТЕ ПОСТАПКИ ИНСПИРИРААТ, А ВАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ ДЕФИНИТИВНО ПОТТИКНУВА НАПРЕДОК. ПРОДОЛЖЕТЕ ДА СЕ БОРИТЕ ЗА ПРАВДА, ЕДНАКВОСТ И ПОДОБАР СВЕТ И НЕСОМНЕНО ЌЕ ИМАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА ЗА СИТЕ. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ!“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„НИЕ МЛАДИТЕ ЈА ИМАМЕ МОЌТА ВО НАС СО КОЈА МОЖЕ ДА ГИ ОСТВАРИМЕ НАШИТЕ ЦЕЛИ. ПРИФАТЕТЕ ГИ ПРЕДИЗВИЦИТЕ КАКО МОЖНОСТИ ЗА РАСТ И НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ ОД НЕУСПЕХ – ТОА Е САМО ПАТОКАЗ  ДО УСПЕХОТ. ШТО ПОГОЛЕМИ НИ СЕ СОНИШТАТА, ТОЛКУ ПОГОЛЕМИ ЌЕ НИ БИДАТ ДОСТИГНУВАЊАТА.“

Младите со пораки по повод Меѓународниот ден на млади: Во нас е моќта!

„ЕДНА ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ И НАЈМОЌНИТЕ ЛИЧНОСТИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ВРЕМЕТО – ВЕЛИКАНОТ ВОЈСКОВОДЕЦ КОЈ ВО НЕГОВИТЕ ДВАЕСЕТТИ ГО ПОКОРИ ТОГАШ ПОЗНАТИОТ СВЕТ, МУ ПРИСТАПУВА НА ЕДЕН ФИЛОЗОФ И ГО ПРАШУВА ‘ШТО МОЖАМ ДА СТОРАМ ЗА ТЕБЕ?’ .

ТОЈ ГО ПОГЛЕДНУВА И МУ ОДГОВАРА ‘ТЕ МОЛАМ ПОМЕСТИ СЕ МАЛКУ НАСТРАНА. МИ ГО КРИЕШ СОНЦЕТО.’

ПОУКА ОД ПРИКАЗНАТА? ДВАТА ИМААТ СВОЈА ЦЕЛ ВО ЖИВОТОТ.

АКО МОРА ДА ИСПРАТАМ САМО ЕДНА ПОРАКА ДО СЕКОЈ МЛАД, А И ОПШТО ДО СЕКОЈ, ТОА Е ДОЗНАЈ ШТО САКАШ ВО ЖИВОТОТ, И НЕПОКОЛЕБЛИВО БОРИ СЕ ЗА ТОА. БЕЗ РАЗЛИКА ШТО И ДА Е. ИМАЈ СВОЕ ЗОШТО!
ЦЕЛ, КАУЗА, КОЈА ЌЕ МУ СЛУЖИ НА ЧОВЕШТВОТО НА КАКОВ И ДА БИЛО НАЧИН. А ВЕРУВАЈ, СО ТОА И САМИОТ ЌЕ СИ ЈА НАПРАВИШ НАЈГОЛЕМАТА УСЛУГА.

СВОЕ СОНЦЕ КОЕ ЌЕ ТИ ГО ПРОСВЕТЛУВА СЕКОЈ ДЕН, И ЌЕ ТИ ДАДЕ РАМКА, СЛИКА И БОЈА ВО ЖИВОТОТ. БИДЕЈЌИ БЕЗ ТОА СОНЦЕ, БЕЗ ТОА ЗОШТО, БЕЗ ТАА ЦЕЛ – НЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ – МОЖЕ, НО ЖИВОТОТ ЌЕ ТИ БИДЕ МРАЧЕН И ЦРНО-БЕЛ.

КОЕ Е ТВОЕТО ЗОШТО?“

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …