МНР

МНР: Активностите на Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи

Последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји, констатира македонското Министерство за надворешни вработи.

„Иако повикувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и редовна дипломатска пракса, Министерството за надворешни работи изразува жалење за ваквиот чекор кој смета дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален“, соопшти МНР.

Од Министерството велат дека Република Северна Македонија покажа силен демократски и институционален капацитет и низ брза и ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи ги и приведувајќи сторител на кривичното дело, против кого активно се водат истражни дејствија.

Дополнително, преку своите изјави на највисоко ниво, Претседателот на државата, Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи го осудија инцидентот, а Министерот дополнително оствари итна посета на Софија, вклучувајќи посета и на повредениот со цел јасно да ја демонстрира одлучноста на државните органи во обезбедување правна сигурност, безбедност и одржлив јавен ред.

„Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи“, истакнува МНР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

изјава министерство за здравство

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

Целта е младите да се вакцинираат пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува …