МНР го осуди инцидентот со „Цар Борис III“ во Охрид, Бугарија со протестна нота и реакција до Брисел

МНР го осуди инцидентот со „Цар Борис III“ во Охрид, Бугарија со протестна нота и реакција до Брисел

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) најстрого го осуди вандалскиот чин што се случил вчера вечер, при што, меѓу другото,со употреба на оружје се оштетени стаклата на граѓанскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

„Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Од МНР ги повикаа надлежните институции да ги истражат околностите под кои се случија овие вандалски активности и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава.

„Истовремено апелираме до сите граѓани за одговорно однесување и почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“, соопштуваат од МНР.

По вчерашниот напад, македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси – Поповска денеска е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи, каде што ќе ѝ биде врачена протестна нота за инцидентот во Охрид.

Бугарските власти синоќа по пукањето врз седиштето на клубот „Цар Борис III“ во Охрид веднаш детално го информирале раководството на Европската комисија за овој инцидент.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …