Зграда на МНР

МНР: Нема информации дека меѓу загинатите или повредените во несреќата кај Лариса има македонски државјани

Од МНР тврдат дека македонската амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните органи во Грција, од каде очекуваат официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

Ниту до Министерството за надворешни работи (МНР) ниту до дипломатско конзуларните претставништва не е стигната информација дека меѓу загинатите или повредените во трагичната железничка несреќа што синоќа се случи близу градот Лариса во Грција има и државјани на Република Северна Македонија, соопшти МНР.

Оттаму додаваат дека македонската амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните органи во Грција, од каде очекуваат официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.

„Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција. Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +3897527373“, се вели во соопштението на МНР.

Најмалку 36 луѓе загинаа, а 85 се повредени откако патнички воз во кој имало многу студенти што се враќале дома од празнување вчера пред полноќ се судрил со товарен воз во близина на долината Темби кај грчкиот град Лариса.

Прочитајте повеќе

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Во Цетиње денеска била активирана експлозивна направа при што загинале две лица, а три биле …