МОН: Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование

МОН: Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование

Министерството за образование и наука ги демантираа информациите проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Како што појаснуваат од МОН, прикажаните текстови и илустрации кои се додаваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја.

„Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието“ велат од МОН.

Оттаму апелираат до граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.

Од Здружението „Од нас за нас“ пак, ги отфрлаат обвинувањата на МОН и велат дека немаат тенденциозна намера да шират паника и да ја манипулираат јавноста, туку да ја информираат јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји.

„Препорачуваме министерката внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации. Целиот пост, објавен од страна на здружението „Од нас за нас“ можете да го прочитате на следниот линк https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/449860269723730 . Па вие самите одлучете кој ја лаже и манипулира јавноста! А министерката ако има барем малку доблест, ќе му се извини јавно на Здружението за нарушување на угледот и интегритетот“, додаваат од здружението во допис до медиумите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …