ООУ „Климент Охридски“: Подобрени условите за следење на наставата во централното и подрачното училиште во Мажучиште

Во ООУ „Климент Охридски“, во редовниот процес на образование со настава се опфатени 793 ученици. Инвестициите во насока на подобрување на уловите за изведување и следење на наставата, обновување на наставно образовните нагледни средства и обуката на наставниот кадар, се одвиваат во континуитет.

За таа цел, во изминатите три години вложени се околу  4.650.000 денари, средства обезбедени од Министерството за образование и наука, Општина Прилеп, сопствени средства на училиштето и средства од меѓународни фондови.

„Нашето училиште е воспитно образовна установа која што целосно е посветена на воспитно образовниот процес и секогаш правиме максимални напори да обезбедиме што е можно подобри услови за престој и за учење на учениците. Во таа насока, инвестираме во наставно образовни помагала, реконструкции и обуки, набавка на магнетни табли за сите училници, поставени се смарт телевизори со интернет во секоја училница, а извршена е реконструкција на внатрешните скали и ходниците. Исто така, преку проект на Еразмус реализирана е обука на 14 наставници во Шпанија и Естонија, на европски образовни теми. Во 2018 година, преку Фондот за иновации реализиран е проект на нашите ученици ‘Фарма на ветерници’, од каде што како награда се добиени средства во висина од 147.000 денари“, истакнува директорот на ООУ „Климент Охридски“, Зоран Сребреноски.

Сребреноски нагласува дека со сопствени средства е изградена биста на патронот на училиштето, Климент Охридски. Тој потенцираше дека во 2019 година е инвестирано и во подрачното училиште во населеното место Мажучиште, каде е отворена и втора паралелка, а извршена е целосна реконструкција и опремување на училниците.

Она што би можело да се очекува како проект кој би се реализирал во тековната 2021, е реконструкција на оградниот ѕид пред старата училишна зграда, кој е во многу лоша состојба.

Во ООУ „Климент Охридски“ наставата од далечина се одвива од без проблеми, додека за учениците од прво до трето одделение, како и наставата по предметот физичко образование се изведуваат со физичко присуство, во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.

Прочитајте повеќе

Повеќе од 30.000 починати во Газа, најголем дел се жени и деца

Во своето дневно ажурирање во четвртокот, Министерството соопшти дека во последните 24 часа биле убиени …