МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенционираниот студентски оброк

МОН: Во тек е постапката за исплата на субвенционираниот студентски оброк

Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии за понатамошно постапување, соопштија вечерва од Министерството за образование и наука (МОН).

Од таму велат дека комисија во рамки на МОН извршила проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците пристигнати од другите надлежни институции – Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Министерството за внатрешни работи и универзитетите.

„Секој студент кој ги исполнил условите ќе добие средства за два и пол месеци, односно за половина септември и за октомври и ноември“, напишаа од МОН.

Студентите за овие месеци ќе добијат по 120 денари дневно за секој работен ден, освен за државните и верски празници.

Повикот за остварување на правото на субвенционриан оброк траеше од 25 ноември до 3 декември. Иако беше најавено дека првата исплата студентите ќе ја добијат до 15 декември, тоа не се случи. Од Министерството за Мета.мк претходно информираа дека годинава пристигнале над 31 илјада апликации.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување!

СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување!

Соопштение за јавност на СДСМ На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните …