МТСП ќе обезбеди хигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови

МТСП ќе обезбеди хигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дистрибуција на пакети со средства за лична хигиена и за дезинфекција за семејствата што живеат во супстандардни услови.

„Хигиенските пакети ќе им помогнат на оние на кои им се најпотребни полесно да ги спроведуваат мерките за избегнување на инфекција во домашни услови. Изминатите денови, тимовите од Центрите за социјална работа од Пробиштип, Тетово, Скопје, Ресен, Виница, Свети Николе, Крушево, Гостивар, Крива Паланка, Валандово и Куманово поделија пакети на над 400 семејства кои живеат во супстандардни услови. Во наредните денови акцијата продолжува и во другите центри,“ информираат од МТСП.

Од таму додаваат дека системот на социјална заштита непречено функционира, а центрите за социјална работа ги извршуваат активностите согласно потребите на граѓаните и мерките и препораките на Владата.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …