СВР Битола: Граѓаните на Битола да се воздржат од собирање кај храмот во месноста „Кркардаш“

СВР Битола: Граѓаните на Битола да се воздржат од собирање кај храмот во месноста „Кркардаш“

Апел од СВР Битола:

Секторот за внатрешни работи Битола, согласно новонастанатата вонредна состојба во државава а со цел заштита на граѓаните од ширење на вирусот КОВИД-19, АПЕЛИРА до сите граѓани оваа година  да се воздржат од поголеми собирања и групирања во близина на местото „Кркардаш” во Битола, каде во спомен на „Светите Четириесет битолски преподобни маченици”, на 21 март вечерта и утрото на 22 март, во храмот се собираат голем број на верници од градот и околината.

Уште еднаш АПЕЛИРАМЕ сериозно да ја сфатат ситуацијата и да ги почитуваат одлуките кои ги донесе Владата, каде се вели дека се забрануваат секакви групирања и собирања на повеќе од пет лица на јавни површини, паркови и јавни места, бидејќи секој што не ја почитува одлуката ќе биде соодветно санкциониран.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …