МВР информира за изменет сообраќаен режим поради денешните протести

МВР информира за изменет сообраќаен режим поради денешните протести

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада.

„Од тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, се вели во соопштението.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …